Овој викенд ќе биде познато на кого ќе му припадне шампионскиот пехар сезонава. До него е најблиску бранителот на тронот, Пелистер, но за да ја спаси сезоната откако остана без пехарот во Купот на Македонија, ќе мора да го совлада Алкалоид. Мечот се игра на први јуни во 18 часот, во салата „Боро Чурлевски“.
Очекувано трибините за оваа средба ќе бидат исполнети до последното место. Иако ракометарите на Пелистет кикснаа токму против Алкалоид во Купот на Македонија, сепак сите во Битола очекуваат титула. Полека, се подготвува шампионската фешта. Во слободна продажба до вчера имаше околу 200 билети, веруваме дека истите веќе се распродадени.
Доколку пак Пелистер не успеа да дојде до победа против Алкалоид, во тој случај Вардар со триумф против Бутел Скопје би можел да се врати на тронот во македонскиот ракомет.
Дефинитивно не чека интересно последно коло во плеј-офот.