Двата дуели за титулата ќе се играат во исто време!

216

Во сабота ќе биде познат освојувачот на титулата во Супер-лигата. Во последното коло во плеј-офот има простор за изненадување. Откако Алкалоид го победи Пелистер во финалето на Купот на Македонија и испрати порака дека за пехар треба повеќе од да се биде фаворит, неизвесноста за титулата стана уште поголема.

Токму Пелистер против Алкалоид ќе треба да ја потврди новата титула, битолчани се домаќини на оваа средба, истата се игра во сабота со почеток во 18 часот. Во истиот термин, но во Скопје, Вардар ќе бара победа против Бутел, евентуален кикс на Пелистер за „црвено-црните“ ќе значи враќање на тронот. Пелистер има два бода повеќе од директниот конкурент.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ ОФ/АУТ – КОЛО 14
29.05.2024 – СРЕДА
19:00 часот ГРК ОХРИД – ГРК ТИКВЕШ 2014
19:30 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК СТРУГА
30.05.2024 – ЧЕТВРТОК
18:00 часот РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – РК СКОПЈЕ 2020
01.06.2024 – САБОТА
16:00 часот РК МУЛТИ ЕСЕНС – МРК КУМАНОВО
16:00 часот РК ПРИЛЕП – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ВАРДАР 1961
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК АЛКАЛОИД
ПретходноЃоковиќ: Ова голема „планина“ за искачување
СледноРистовски е класика „Пургер“