Дробаров и Черно Море вицешампиони на Бугарија

156

Македонскиот фудбалски интернационалец и поранешен младински репрезентативец, Влатко Дробаров со својот тим Черно Море и официјално е второпласиран во шампионатот на Бугарија. По клучниот триумф над тимот на ЦСКА, и тоа на гостински терен, Черно Море го оствари својот прв и воедно историски пласман во Европа, и летово ќе биде еден од бугарските претставници на интернационална сцена.

Дробаров ја игра сезоната на својата кариера, десетина пати беше дел од најдобрите единаесет во текот на оваа кампања, а многу веројатно ќе се најде и во тимот на сезоната.

Тој несомнено го пронајде својот втор дом што се вели на брегот на Црното море. каде што е ценет и почитуван до максимум. Од друга страна бугарските медиуми го отворено прашуваат зошто тој не е повикуван за нашата репрезентација, на што Дробаров дипломатски и коректно одговара дека негово е да игра и да се докажува во клупскиот дрес.

Летово тој и Черно Море ќе имаат полни раце работа затоа што поради не така добриот коефициент на клубот ќе треба да играат и квалификации за влез во групната фаза на Лигата на Европа.

ПретходноДарко Тасевски во стручниот штаб на Левски Софија!
СледноРаспродадено: Е.Пелистер ќе го пречека Алкалоид пред преполни трибини!