Ако Аргентина одлучи да го избере напаѓачот на Манчестер Сити, Јулијан Алварез за олимписката репрезентација, Англичаните нема да му застанат на патот.
24-годишниот напаѓач веќе е дел од поширокиот состав на аргентинската репрезентација за Копа Америка, која ќе се одржи од 20 јуни до 14 јули.
Само 10 дена подоцна започнува Олимпијадата во Париз, а ќе заврши само една недела пред почетокот на следната сезона во Премиер лигата.
Од англискиот шампион велат дека Сити нема да го спречи Алварез да замине во Париз, доколку биде избран. Во олимписките репрезентации е дозволено да се вклучат тројца играчи над 23 години, а во таа категорија е и напаѓачот на Сити.