Минесота се спаси од „метла“, трипл-дабл на Дончиќ во поразот на Далас (ВИДЕО)

196
ФОТО: Dallas Mavericks Twitter

Лука Дончиќ и Далас не ја искористија првата меч топка за да заверат пласман во големото финале во НБА-лига. Минесота победи со 105:100 во Тексас и со тоа ја избегна „метлата“, па пред своите навивачи за два дена ќе има можност уште повеќе да ги искомплицира работите. Во моментов Далас води со 3:1 и има уште три меч топки за пласман во финалето, а никој никогаш не се вратил од 0:3 во историјата на НБА плејофот.

Ирвинг и Дончиќ ќе се обидат да го спречат тоа, но ќе мора да одиграат многу подобро од претходната вечер. И двајцата беа под секое ниво, иако Дончиќ имаше 28 поени на своето конто, 15 скока и 10 асистенции. Но, имаше 7/21 од поле. Ирвинг пак даде 16 поени (6/18 од поле), со два скока и четири асистенции, додека не може да се каже дека добро ја заврши работата во одбраната.

Ентони Едвардс беше многу подобар од претходната серија со Далас и имаше 29 поени (11/25), десет скока и девет асистенции. Таунс имаше 25 поени, додека солиден меч одигра и Конли со 14 поени и седум асистенции.

ПретходноНоле со победа ја почна одбраната на титулата на Ролан Гарос
СледноПСЖ одби да му даде 80 милиони евра на Мбапе: Нека му плати Реал!