Навивачи на Олимпијакос влегоа во секторот на Фиорентина, спречен хаос (ВИДЕО)

662

Фудбалерите на Олимпијакос и Фиорентина се уште го играат финалето на Конференциската лига во Атина, но натпреварот беше ставен во втор план поради тепачка меѓу навивачите на стадионот. Во последните минути од првото полувреме имаше сериозни конфликти на трибините, особено на трибините каде беа стационирани симпатизерите на Фиорентина.

Според неофицијални информации, до инцидентот дошло кога група навивачи на Олимпијакос упаднала на делот од трибината каде што се наоѓале навивачите на Виола. Фудбалерите на Фиорентина наместо во соблекувалните, истрчаа кон делот од трибините каде што беа нивните симпатизери. Тие се обидоа да ги смират своите навивачи, а набрзо реагираше и полицијата која влезе на трибините и спречи општ хаос.

ПретходноДе Лаурентис ќе му даде на Конте 230 милиони евра за трансфери
СледноПо рекордните 35 гола, Роналдо доби „Златна копачка“ во Саудиска Арабија