Новиот газда на Јунајтед прави чистка и тоа меѓу вработените во клубот!

443

Откако стивна славјето кај сите во Манчестер Јунајтед по освојувањето на ФА Купот и по победата над лутиот ривал Манчестер Јунајтед, според медиумите на Островот, следува нова „бура“.

Имено новиот газда или еден од сопствениците на Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, прави вистинска чистка, но не меѓу играчите туку меѓу вработените во клубот, а тие биле околу 1000 на број.

Тој сака да ги намали трошоците поради финансискиот фер – плеј и затоа им испратил мејл на сите вработени во клубот, а во него стои дека предвреме ќе бидат исплатен, и бонусите, на секого кој веднаш ќе ја напушти функцијата што ја има во клубот.

Рокот да се изјаснат бил наредната среда, а ваков мејл добиле сите во клубот освен играчите и тренерите.

ПретходноПресврт победа на Србљак во Куршумлијска Бања
СледноДе Лаурентис ќе му даде на Конте 230 милиони евра за трансфери