Олимпијакос во 116. минута до прва европска титула, малерозната Фиорентина, пак, загуби (ВИДЕО)

233

По голема борба и 120 минути фудбал, екипата на Олимпијакос славеше со 1:0 против Фиорентина во големото финале на Конференциската лига на УЕФА. За првпат во клупската историја, Олимпијакос успеа да освои европски трофеј.

Во регуларните 90 минути, навивачите на стадионот во Атина не успеаја да видат гол, но затоа, конечно промена стигна во продолженијата. Иако играчки и немаше голема разлика од она што се случуваше во регуларниот дел од мечот, сепак, во 116. минута Ел Кааби успеа со глава да го матира италијанскиот голман и да донесе ерупција од радост на трибините.

Малерозната Фиорентина втора година по ред не успева да победи во едно европско финале. Минатата година „виолетовите“ загубија од Вест Хем во Прага во финалниот меч од истото ова натпреварување со 2:1.

ПретходноПо рекордните 35 гола, Роналдо доби „Златна копачка“ во Саудиска Арабија
СледноАрсенал сериозно ја покачува платата на Артета