Познат е возниот ред: Македонија на стартот на СП ќе игра против Унгарија!

707

Македонската ракометна репрезентација ќе игра против Унгарија, Холандија и Гвинеја во групната фаза на Светското првенство 2025 година. Град домаќин ќе биде Вараждин.

Нашите момци првиот меч го играат на 15-ти јануари против Унгарија, два дена подоцна ќе ги одмерат силите со Холандија, додека групната фаза ја завршуваат против Гвинеја на 19-ти јануари. Првите три репрезентации од секоја група одат во следната рунда, додека последнопласираните ќе играат Президент Куп.

Доколку Македонија ја мине групната фаза ќе остане во Вараждин, а ќе вкрсти со групата Ц во која се наоѓаат Франција, Автрија, Катар и Алжир.

ПретходноОхрид со победа над Тиквеш го потврди евро-настапот
СледноСуспензија од 4 години: Колумбискиот „Супермен“ користел лек за женска плодност