Ракометарите ги добија противниците за СП, Вараждин ќе биде нашата „база“

676

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

Нашите момци се најдоа во групата Д заедно со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а град домаќин ќе биде Вараждин.

Трите најдобри репрезентации од секоја група ќе одат во главната рунда, последнопласираните ќе играат Президент Куп.

За „црвено-жолтите“ ова ќе биде деветто Светско првенство, седмо по ред во својата историја.

Мундијалот ќе се игра од 14-ти јануари до 2. февруари.

ПретходноАлкараз три часа се бореше со 176. на АТП листата за 3. коло на Ролан Гарос
СледноОхрид со победа над Тиквеш го потврди евро-настапот