Ракометарите денеска ќе ги добијат противниците за Светското првенство 2025!

376

Македонската машка ракометна репрезентација денеска ќе го добие противниците во групната фаза за Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. Церемонијата е закажана со почеток во 19:30 часот во Загреб.

Кирил Лазаров и неговите момци ждрепката ја чекаат од третиот шешир каде уште се Полска, Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Јапонија и Алжир, земји против кои нема да играме во групната фаза.

До Мундијалот, Македонија стигна по неверојатниот пресврт и магична победа на реваншот против Фарски Острови.

Неколку дена пред извлекувањето на групите, организаторите ги одбраа домаќините на групите. Хрватите не се одлучија за нас, па решија самите да бидат во групата „Х“ во Загреб, а во овој град ќе игра и Словенија во групата „Г“. Австрија доби место во групата„Ц“ во Пореч, додека Унгарците се сместени во Вараждин во групата Д.

Данците ќе бидат групата „Б“, додека Германија ќе игра во групата „А“ во во Хернинг. Во Норвешка ќе бидат домаќинот и селекцијата на Шведска.


Ждрепката можете да ја следите на линкот во продолжение.

ПретходноРистовски е класика „Пургер“
СледноКаланоски си замина од Силекс