Распродадено: Е.Пелистер ќе го пречека Алкалоид пред преполни трибини!

159

И официјално. Сите билети мечот на сезоната за Е. Пелистер против Алкалоид за саботниот спектакл во салата “Боро Чурлевски“ се распродадени. И тие малку билети што останаа во текот на денешниот ден се продадени. Па така во сабота од 18 часот, во меч на кој Е. Пелистер против Алкалоид ако победи ќе биде старо – нов шампион на Македонија, тоа ќе биде ракометен спектакл како што и му доликува на најпопуларниот спорт во нашата земја.

Познато е дека во случај на кикс на битолчани, тогаш Вардар ќе си ја врати круната, се разбира ако слави над Бутел.

Инаку и двата меча се играат во исто време.

ПретходноДробаров и Черно Море вицешампиони на Бугарија
СледноПромоција: Ќатип Османи на клупата на Струга Трим Лум! (ФОТО)