Ристовски е класика „Пургер“

636
Фото: Динамо Загреб

Динамо Загреб ја освои двојната круна во домашниот шампионат на Хрватска. Иако многумина се сомневаа во доминацијата на „Модрите“ сепак, во Загреб мислеа поинаку, па „фино лепо“ во финишот на сезоната ја покажаа силата и ги оставија ривалите зад себе.

Големата прослава за успехот се случи нормално на главниот плоштад во Загреб, каде главни ликови нормално Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Нашите интернационалци се главните алки на Динамо, од секој можен аспект, како на терен, така и надвор од него. Ја донесоа титулата, па нормално, вредеше и истата да се прослави.

Сега, маркетинг тимот на Динамо, многу винмателно ги одбра, најдобрите фотографии од самата прослава, и истите ги стави на гласање која е најдобра. Нашиот Стефан во елемент, класика „Пургер“ што се вели, не пропушти „спонтано“ да се најде на повеќето од нив.

ПретходноДвата дуели за титулата ќе се играат во исто време!
СледноРакометарите денеска ќе ги добијат противниците за Светското првенство 2025!