Колумбискиот велосипедист Мигел Анхел Лопез, познат и како Супермен, е суспендиран на четири години поради допинг.
Меѓународната велосипедска унија (UCI) објави дека Лопез е фатен во истрагата од шпанските власти во врска со лекарот Маркос Мајнар , кој работел со спортисти. Лопезс беше прогласен за виновен за користење и поседување на забранетата супстанција менотропин на Џиро д’Италија во 2022 година. Тоа е лек за женска плодност кој може да го стимулира производството на тестостерон кај мажите.
Неговата суспензија истекува во јули 2027 година, кога ќе наполни 33 години. Во 2018 година, Лопез беше трет на Џиро д’Италија и Вуелта.