Усик и Фјури си закажаа реванш за во декември!

59

Сега веќе е јасно, Олександар Усик и Тајсон Фјури одново на спортските, пред се боксерските, фанови ќе им приредат спектакл.

Имено Украинецот и Британецот повторно ќе бијат битка на рингот во Ријад, но на 21 декември оваа година.

Да се потсетиме дека пред две недели, Усик успеа да го победи Фјури и со тоа да стане апсолутен светски првак во тешка категорија. Приходите беа огромни, токму затоа и двајцата боксери се сложија да има реванш, нова битка за титулата апсолитен светски шампион во тешка категорија.

Нема сомневање дека светот ќе ужива во оваа борба, како што и беше последната меѓу двајцата боксери.

ПретходноКлоп до фановите на Ливерпул: Ако на Сити му ги одземат титулите, доаѓам на прослава!
СледноНаковски направи две промени во составот кој патува во Осиек