Бранителот на титулата на Ролан Гарос успешно го стартуваше овогодинешниот турнир. Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ вечерва во првото коло го совлада францускиот претставник Пјер-Иго Ербер со 3:0 во сетови, а веднаш по мечот ги искажа првите впечатоци.
„Беше навистина неверојатно со навивачите. Ви благодариме што присуствувавте, нормално беше што публиката беше на страната на Ербер, домашниот играч. По 12 месеци, големо задоволство е да се вратам овде. Овој терен многу ми значи за мојата кариера. Имам водено многу големи битки овде и тоа е голема „планина“ за искачување.
Овој натпревар беше посебен за мене, сосема други услови за игра. Долго е да се чека цел ден за да се излезе на теренот, но благодарност до публиката за оваа атмосфера“, рече Ноле.