Ѓорческа тргна со победа на турнирот во Словенија

99

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, успеа да се пласира во третото коло на ИТФ фјучрсот W50 Oточец во Словенија. Таа попладнево во рамките на второто коло ја совлада Михаела Бајерлова од Чешка (25 години, 485. место ВТА) со 2-0 во сетови (6:0, 7:5). Ѓорческа во текот на мечот имаше реализација 5/8 на брејк топки, додека противничката имаше 1/14 што беше и клуч за победата.

Во наредното коло Ѓорческа ќе игра против тенисерката од Полска, 11. носителка Маја Чвалинска (22 години, 244. место ВТА листа).

На овој фјучрс настап во првото коло имаше и Магдалена Стоилковска, која загуби на стартот од домашната тенисерка Аља Сеница со 2-0 во сетови (6:0, 7:5).

ПретходноМанчестер Сити му дозволи на Алварез да игра на Олимпијадата
СледноАлкараз три часа се бореше со 176. на АТП листата за 3. коло на Ролан Гарос