Ќатип Османи за „СпортСпорт“: Годи понудата од шампионот….

577

Од денеска и официјално шампионот има нов стратег, а тоа е Ќатип Османи, еден од нашите најтрофејни тренери во историјата на ПМФЛ. Се чини дека дека раководството на Струга Трим Лум уште еднаш направи маестрален потег што се однесува до клупата.

Сега како шеф на стручниот штаб има човек кој досега трипати ја освојувал титулата во ПМФЛ, еднаш му се радувал на пехарот на Купот на Македонија и еднаш на Суперкупот.

За “СпортСпорт“ популарниот Ќато изјави:

Секако дека годи понудата од шампионот. Имавме разговори, се договоривме и потпишавме на 1+1 година договор. Се разбира дека сега пред нас прво е настапот во Европа, во квалификациите во ЛШ. Целта е да се претставиме во најдобро светло, а потоа на домашната сцена амбициите се најголеми. Имаме добар тим, се разбира дека потребни се и неколку засилувања, се надевам на успешна приказна во Струга Трим Лум“ кусо истакна Османи откако беше промовиран од страна на шампионот за нивни нов стратег.

 

ПретходноПромоција: Ќатип Османи на клупата на Струга Трим Лум! (ФОТО)
СледноШок за повратникот во ПЛ: На Лестер му се заканува рекордно одземање на бодови!