Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во третото коло на Ролан Гарос, откако во второто коло го совлада Холанѓанецот Јаспер Де Јонг со 6:3, 6:4, 2:6, 6:2.
Натпреварот траеше три часа и 11 минути. Алкараз е трет тенисер во светот, додека Де Јонг е 176. на АТП листата.
„Веќе многу пати реков дека на вакви турнири секој играч може да ви создаде проблем. Мора да бидете фокусирани на секој натпревар. Не е важно дали сум на врвот или ако играм со некој надвор од топ 100. Мора да играте на најдоброто ниво за да поминете. Позицијата за рангирање не е важна“, рече Алкараз.