Лазаров: Имаме убави спомени од Вараждин, се надевам дека така ќе биде и сега!

521

Македонската машка ракометна репрезентација на Светското првенство 2025 година ќе игра против Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров со први импресии. За нас овој град буди убави спомени, после долго време Македонија се најде на Мундијалот, а таму завршивме 11-ти.

„Од прв и втор шешир добивме доста квалитетни репрезентации. Секако дека можеше да добиеме уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни пред се со фактот дека ќе играме во Хрватска/Вараждин и ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи.

Имаме добри спомени сите од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така.

Имаме доста време да се подготвиме квалитетно за Светското Првенство“, изјави Кирил Лазаров. 

ПретходноСуспензија од 4 години: Колумбискиот „Супермен“ користел лек за женска плодност
СледноПресврт победа на Србљак во Куршумлијска Бања