Селекторот на нашата одбојкарска репрезентација, Хари Наковски, направи две промени во тимот за последните два меча од Златната лига 2024 кои ќе ги одиграме викендов во Хрватска. За разлика од Беверен, во нашиот состав Тоше Ефремов и дебитантот Кристијан Илиев ќе ги заземат позициите на Ангел Бошков и на Стојче Арсов. Селекторот Хари Наковски сака да им даде шанса на сите играчи коишто беа дел од овој едномесечен репрезентативен термин.
Македонија по првите четири меча има една победа и три порази, но ќе се обиде на последниот турнир да дојде до уште некој бод за што подобар пласман на табелата. Против Хрватите играме во петок во Осиек од 19 часот, а во истиот термин ден подоцна се среќаваме со Шпанија.