Околу 5.000 грчки полицајци ќе го обезбедуваат финалето на Конференциската лига во Атина, каде се среќаваат Олимпијакос и Фиорентина.
Во атинската општина Атика, каде што се наоѓа стадионот на АЕК, каде што ќе се игра финалниот натпревар, забранети се сите јавни собири во текот на денот, а затворени се и училиштата во близина на стадионот.
Овие мерки се преземени со цел да се спречат хулиганските судири кои во последно време зачестија во Грција.
Минатиот август, во тепачка меѓу навивачите на АЕК Атина и Динамо Загреб, загина 27-годишен навивач на грчкиот клуб, токму во близина на стадионот на кој ќе се игра финалето.
По тој настан, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Грција, Вангелис Мринакис, веднаш поднесе оставка, а владата донесе нова серија безбедносни мерки околу и на стадионот, а натпреварите од грчката лига од февруари се играат пред празни трибини.
Во судирот меѓу навивачите на Олимпијакос и Панатинаикос, по одбојкарскиот натпревар на двете атински екипи во декември, полицаец се здобил со тешки повреди, од кои починал неколку дена подоцна.
Финалето е на програмата вечерва од 21.00 часот.