Од денеска и официјално шампионот има нов тренер. А тоа е Ќатип Османи, еден од нашите најдобри стратези во историјата на ПМФЛ и тоа со три освоени првенства.
И покрај тоа што имаше неколку опции, раководството на Струга ТЛ уште еднаш покажа како се работи, имено го донесе вистинското решение, а тоа е популарниот Ќато кој покрај Шкендија, ги тренираше и Ренова и Шкупи, а во Албанија со успех ја водеше Влазнија.
Со ангажманот на Ќато, раководството на шампионот покажува дека има амбици и во Европа, а битката за нова титула во ПМФЛ се подразбира.