Сега и официјално: Компани ќе го предводи Баерн Минхен до 2027! (ФОТО+ВИДЕО)

109

Попладнево и Баерн Минхен се пофали официјално со нов тренер. А тоа е Винсент Компани, досегашниот тренер на Барнли, на нашиот Дарко Чурлинов. Интересно, “баварците“ ангажираа тренер кој оваа сезона со својот тим испадна од Премиерлигата.Image

Но така е тоа ако се знае дека Баерн Минхен беше откачен од седум – осум познати стратези кои не прифатија да бидат наследници на Томас Тухел, дури и него го молеа да остане, па сега ќе морат да се задоволат со перспективен, но крајно неискусен тренер.

Инаку познато е дека Компани имаше блескава фудбалска кариера, беше долгогодишен дефанзивец во селекцијата на Белгија.

Што се однесува до договорот меѓу Баерн и Компани, тој е со важност до 2027 година.

Прашањето е дали навистина во светот на фудбалот верува дека Компани ќе издржи на жешката клупа на гигантот од Минхен цели три години.

ПретходноШок за повратникот во ПЛ: На Лестер му се заканува рекордно одземање на бодови!
СледноКлоп до фановите на Ливерпул: Ако на Сити му ги одземат титулите, доаѓам на прослава!