Сега веќе е јасно, Олександар Усик и Тајсон Фјури одново на спортските, пред се боксерските, фанови ќе им приредат спектакл.
Имено Украинецот и Британецот повторно ќе бијат битка на рингот во Ријад, но на 21 декември оваа година.
Да се потсетиме дека пред две недели, Усик успеа да го победи Фјури и со тоа да стане апсолутен светски првак во тешка категорија. Приходите беа огромни, токму затоа и двајцата боксери се сложија да има реванш, нова битка за титулата апсолитен светски шампион во тешка категорија.
Нема сомневање дека светот ќе ужива во оваа борба, како што и беше последната меѓу двајцата боксери.