Јакимовски: Најтешко ми паѓа за националниот тим! Се надевам дека во ноември ќе бидам со момците!

280

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски по дипломирањето на Вашингтон Стејт Универзитетот одлучи да остане во НЦАА-лигата, но во дресот на Универзитетот Колорадо Болдер, односно тимот на овој колеџ – Бафало.

Ова повторно ги отвори дилемите дали Андреј ќе го видиме во дресот на Македонија против Литванија во ноември за пласман на Европското првенство. Јакимовски за официјалниот сајт на КФСМ даде објаснување.

„Тоа некако најтешко ми паѓа. Секојпат кога се собирите на националниот тим, без оглед на тоа дали во февруари или во ноември, ми доаѓаат некои слики во кои се гледам себеси како сум дел од тимот. А сепак сум толку далеку, илјадници километри. Она што можам да го кажам, да го ветам во овој момент е дека јас сум секогаш тука, на располагање. И во моите први контакти со новиот тренер, со менаџерскиот тим, го потенцирав тој момент, секогаш, доколку е тоа можно, да бидам со своите соиграчи од репрезентацијата, макар и на една недела. Онаа во која се играат натпреварите од ФИБА ‘прозорите’. И се надевам дека овојпат ќе наидам на разбирање кај сите во мојот нов тим, и дека веќе во ноември ќе бидам тука за наредните репрезентативни предизвици. А пред нас е токму еден таков, голем, сериозен, двата квалификациски натпревари против репрезентацијата на Литванија“, изјави Јакимовски.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

ПретходноАнчелоти: Реал Мадрид ќе биде последниот клуб во мојата кариера
СледноЃоковиќ: Ова голема „планина“ за искачување