Германија ќе биде домаќин на ЕП кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули. Репрезентацијата домаќин се наоѓа во групата А со Швајцарија, Шкотска и Унгарија и ќе атакува на четвртата европска титула во историјата.
Ако Германците освојат титули ќе добијат рекордни парични награди, потврди директорот на ФС Андреас Ретиг.
Во случај на европска титула секој играч на Германија ќе добие по 400.000 евра, а такви награди беа спремни и на ЕП 2021 и на СП 2022 година.
Сојузот ќе треба на 26 играчи да исплати вкупно 10,4 милиони евра што не би било проблем бидејќи УЕФА за освојувачот на титулата спреми 28 милиони евра.
Во 2014 година, кога Германија стана светски првак, фудбалерите добија по 300.000 евра.