Кавани нема да игра повеќе за Уругвај

180

Легендарниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани нема повеќе да игра за репрезентацијата на Уругвај. И покрај тоа што селекторот Марсело Биелса го повика за претстојните натпревари, Кавани одлучи да се збогува со националниот тим.
Фудбалерот на Бока (кој има 12 голови во 18 натпревари сезонава) кој ја освои Копа Америка во 2011 година објави дека е време да го отстапи своето место во репрезентацијата на помладите.
Кавани дебитираше за Уругвај во 2008 година. Одигра 136 натпревари, постигна 58 гоолови. Играше со Уругвај на Сп 2010, 2014, 2018 и 2022 година.

ПретходноГерманците со рекордна награда за титула на ЕП, еве колку пари ќе добие секој играч
СледноПостојат две години и веќе обезбедија место во европските купови