Убав потег на РК Вардар, некогашниот двоен европски шампион. Имено ракометарите на еден од нашите ракометни гиганти беа домаќини на децата а од „Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа Скопје“, кои присуствуваа на тренингот на првиот тим на РК Вардар.
На покана Извршен директор, Борко Ристовски децата одблиску и на самиот терен се запознаа со играчите и стручниот штаб на Вардар, го проследија тренингот и добија подароци од клубот, и заедничка фотографии со играчите за спомен.
Салата во СЦ „Јане Сандански“ е една од ретките што има пристап за лица во колички, и на натпреварите на Вардар често има лица кои вака ги следат натпреварите.