Македонскиот тенисер Горазд Србљак избори пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот М15 Куршумлијска Бања. Тој денеска во мечот од второто коло го победи Германецот Ласе Портнер (18 години, 1383 место АТП) со 2-0 во сетови (75 63) за 1 час и 47 минути игра. За Србљак ова беше петта победа во низа откако умаше и три триумфи во квалификациите.
Македонскиот тенисер имаше контрола над резултатот во двата сета. Во првиот имаше предност од 4:2 во гемови, но противникот изедначи на 4:4 и 5:5, а сепак Србљак да ги освои последните два гема во сетот за 7:5. Во вториот сет во првите пер гема немаше нити еден брејк, а по 3:2 Србљак направи брејк за 4:2 и потоа за 5:3, откако го загуби и гемот на свој сервис. Сепак во деветтиот гем беше сигурен и со 6:3 го освои вториот сет.
Србљак имаше 5/10 искористени брејк топки, а неговиот ривал 3/7.
Во четвртфиналето Србљак ќе игра против победникот од мечот Јанаки Милев (Бугарија) и Бенјамин Тореалба (Чиле), што е во тек.