Македонската фудбалска репрезентација во следниот период ќе одигра два пријателски натпревари во рамките на подготовките за она што ја очекува во септември, а тоа е настапот во Лигата на Нации.
Нашите момци во понеделник и гостуваат на Хрватска во Ријека, а според информациите од оваа земја стадионот „Рујевица“ е распродаден. „Коцкестите“ кои се подготвуваат за настап на ЕУРО ќе имаат поддршка од трибините како загревање за главните битки во Германија.