Андреас Трајковски избори учество во скок во далечина на Европското првенство во атлетика кое од 7 до 12 јуни ќе се одржи во Рим (Италија).
Андреас се најде на 25-то место на ранг листата “Road to Rome” во скок во далечина, со што преку остварен ранкинг (првите 30 од оваа листа се квалификуваат за првенството) обезбеди учество на ова Европско првенство.
https://www.european-athletics.com/…/qualifying-system…
Претходно Дарио Ивановски со остварена норма избори учество во полумаратон, така да на ова првенство Македонија ќе има двајца представници со исполнети критериуми за учество, што представува историски успех за Македонската атлетика.
Андреас ќе настапи во квалификациите во скок во далечина на 7 јуни (во 12.55 часот) и доколку ги помине кфалификациите финалето во скок во далечина е на 8 јуни (во 20.00 часот).
Дарио својот настап во полумаратонската трка ќе го има на 9 јуни со почеток во 9.00 часот.
“Среќен сум што успеав да се квалификувам за Рим преку ранкинг системот. Знаев дека со константни скокови помеѓу 7.70 – 7.80 метри ќе го обезбедам местото меѓу најдобрите 30 во Европа. Сега фокусот е во Рим на 7 јуни. Ова ќе биде мое прво учество на сениорско Европско првенство во мојата кариера и многу сум возбуден што ќе го носам Македонскиот дрес. И имам единствена цел, а тоа е да се пласирам во финалето и да испишам историја за Македонија.“ изјави Андреас пред заминување за Рим.