Дарвин Нуњез по се изгледа заврши со Ливерпул. Пред неколку недели се шпекулираше дека тој ќе прави трансфер во Барселона, но тоа остана само на шпекулација, а најново е тоа што новиот стратег на “Редси“, Арне Слот воопшто не смета на него. Холанѓанецот тоа јасмно им го презентаирал на првите луѓе на клубот со желбата да му се доведе Оли Воткинс од Астон Вила. Напаѓач кој имаше одлична сезона, а е и член на репрезентацијата на Англија.
Тешко дека Астон Вила така лесно би го пуштила својот најдобар играч, но од друга страна со продажбата на Нуњез клубот од „Енфилд“ нема да има поголеми проблеми да издвои голема сума на пари како би го откупила Воткинс.