Поранешниот италијански репрезентативец Леонардо Бонучи најави крај на богатата фудбалска кариера. Бонучи овој месец го прослави 37. роденден, а неговиот договор со Фенербахче истекува и нема да биде продолжен.
Тој не беше повикан за ЕП 2024, а искусниот фудбалер го објави пензионирањето на Инстаграм.
ВО текот на кариерата Бонучи освои осум шампионски титули во Италија, пет трофеи од Купот на Италија. Играше за Јувентус, Милан, Унион Берлин и Фенербахче. Со Италија го освои ЕП.