Голден Арт со победа го испрати капитенот Даев кој ја завршува кариерата

441

Натпреварот од плеј-аутот на Суперлигата помеѓу Голден Арт и РК Скопје беше последниот во кариерата за капитенот Давид Даев, кој ја завршува својата ракометна одисеја на само 23-годишна возраст.

Голден Арт славеше над Скопје со 35-26 (21-12) во последното 14 коло од суперлигашкиот плеј-аут, а на мечот Миле Шилегов постигна 11 голови.
Меѓутоа мечот помина во знакот на Давид Даев кој доби симболична минутажа и така го одигра својот последен натпревар затоа што се откажува од ракометот на 23 години поради здравствени причини.

По деталните лекарски прегледи Давид е надвор од тренажниот процес околу еден месец, но до последниот тренинг присутен во сала со својот тим, како вистински капитен.
Даев својата ракометна приказна ја започна во 2014 година на свои 13 лета, во младинските школи на РК Металург, со прв тренер Никола Матлиески.
По една година, следен клуб на Даев е РК Тинекс Пролет, а тренер му е некогашниот репрезентативец Игор Котевски кој за Даев останува најголемиот ракометен учител и токму поради него тој 10 години на дресот го носеше бројот 9.

Од 2019 до денеска Даев е дел од “РК ГолденАрт , а во 2021 беше принуден да замине во РК Шампион каде играше една полусезона. Сашо Сотировски, Владимир Глигоров, Филип Глигоров, Стојан Петрушевски се тренерите кои ги имаше Даев во својата ракометна деценија. Како играч на Голден Арт во 2023 Даев ја носи капитенската лента, на теренот го остава срцето, а за своите соиграчи како капитен тоа ги прави и надвор од сала. Борец, силен и издржлив дефанзивец, кој беше столбот на одбраната на суперлигашот Голден Арт со максимална минутажа на терен. За Голден Арт, Даев има постигнато вкупно 226 гола.

ПретходноБонучи стави крај на кариерата
СледноСе спрема тактика против Хрватите, утре се патува за Ријека (ФОТОГАЛЕРИЈА)