ГРК Охрид им се заблагодари на тројца ракометари

296
Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид со победа ја заврши сезоната, откако на домашен терен го совлада Тиквеш со 29-24 во последното коло во плеј-офот. Стевче Алушовски и неговите избраници останаа на четвртото место на табелата зад Алкалоид, Вардар и Пелистер.

Пред почетокот на мечот клубот им се заблагодари на тројца ракометари. ГРК Охрид им врачи благодарници на Адмир Пелидија, Никола Стоилевски и Деан Шешиќ кои по завршување на сезоната ќе ја променат средината.

 


Оваа сезона за ГРК Охрид останува мотив за следната во која се очекува да биде уште посилен, клубот потпиша бројни странскиз асилувања.

ПретходноПознат е поширокиот список на јуниорската машка репрезентација
СледноРК Вардар домаќин на „Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа“(ФОТО)