Австриската компанија за производство на енергетки пијалоци Ред Бул од следната сезона ќе биде главен спонзор на Лидс Јунајтед. Според англиските медиуми, компанијата ќе купи мнозински пакет акции во клубот па од сезоната 2024/25 ќе го спонзорира клубот од Јоркшир. Засега не се познати финансиските детали од зделката.
Се истакнува дека договорот не предвидува присуство на претставници на Ред Бул во бордот на директори на „белите“. Исто така, барем засега, не се планира да се разговара за промена на името на клубот или стадионот и промена на клупските бои.
На крајот на сезоната 2023/24, Лидс заврши на третото место во Чемпионшип со 90 бодови, но загуби од Саутемптон во финалето на плеј-офот за Премиер лигата следната сезона.
За потсетување, австриската компанија поседува уште четири фудбалски клубови ширум светот: Ред Бул Брагантино (Бразил), Ред Бул Салцбург (Австрија), Ред Бул Њујорк (САД) и Ред Бул Лајпциг (Германија).