Легендарниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани нема повеќе да игра за репрезентацијата на Уругвај. И покрај тоа што селекторот Марсело Биелса го повика за претстојните натпревари, Кавани одлучи да се збогува со националниот тим.
Фудбалерот на Бока (кој има 12 голови во 18 натпревари сезонава) кој ја освои Копа Америка во 2011 година објави дека е време да го отстапи своето место во репрезентацијата на помладите.
Кавани дебитираше за Уругвај во 2008 година. Одигра 136 натпревари, постигна 58 гоолови. Играше со Уругвај на Сп 2010, 2014, 2018 и 2022 година.