Кадетите на Вардар во големото финале, кое се одигра во Кичево, ја победија екипата на Шкендија со резултат 2:1 (1:1) и со тоа го освоија пехарот во оваа конкуренција во Купот на Македонија. Стрелци на головите беа Кристијан Галевски и Мирза Хасиќ
Вардар: Максим Краљевски, Мичо Поповски, Златко Радески, Милош Спасовски, Лука Атанасовски, Филип Смиљков (К), Иво Марковски, Емир Шаботиќ, Кристијан Галевски, Давор Лефковски, Стефан Бујароски.
Играа уште и Драган Јанкоски, Мирза Хасиќ, Хабиб Бектеши и Михаил Јорданоски.
Стручен штаб: Пепи Ѓорѓиевски, Трајче Стојковски, Златко Таневски и Бојан Тимевски.