Како да направите дефанзивецот да исчезне – прашајте го Марко Митев (ВИДЕО)

621

Во Загреб се одржа ждрепката за Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. Македонија ќе игра против Унгарија, Холандија и Гвинеја, домаќин на нашата група Д ќе биде Вараждин.

До деветтиот Мундијал нашите ракометари стигнаа на магичен начин, го покажаа најдоброто од себе на реваншот во Скопје, негативата од седум гола против Фарски Острови ја надокнадија и се чекираа на СП.

Токму пред ждрепката ЕХФ ЕУРО на својата „Фејсбук“ страница спедели видео од овој момент. Во пред план е Марко Митев, а во описот стоеше: Како да направите дефанзивецот да исчезне..Одговорот е видеото и акцијата еден на еден на Митев.

Уживајте…

ПретходноХанси Флик ја презеде Барса и го откри името на единствениот „недопирлив“ играч во клубот
СледноРомано тврди: На Реал не му е гајле што Мбапе има договор со ПСЖ, пред ЕП ќе го промовира!