Канатларовски: Контролите со Полска и БиХ ќе бидат одличен тест за нашите можности!

78

Нашите репрезентативци до 21. година веќе неколку дена се подготвуваат за тоа што ги очекува, а тоа се пријателските средби со адекватните селекции на Полска и БиХ. Да потсетиме дека со Полска играме на 1 јуни во Радом, а четири дена подоцна и гостуваме на БиХ во Коњиц.

За тоа како се одвиваат подготовките и очекувањата од овие два меча свое видување има селекторот Драган Канатларовски:

Ова се термини за одигрување на два пријателски меча. Како што е познато со нас се дел од играчи на генерација која надоаѓа, а секако дека тука се и повозразните кои се на заминување, но имаат право да одиграат уште неколку натпревари за селекцијата на Македонија до 21.година. Едните треба да се докажат, додека другите треба да потврдат дека со право го заслужуваат дресот на Македонија. Јасно е дека Полска е квалитетна селекција, тоа ќе биде вистински тест за нашите можности. Потоа следува уште една контрола со БиХ, тоа ќе биде уште одлична проверка“ истакна Канатларовски.

ПретходноВавринка во солзи го заврши настапот на Ролан Гарос
СледноЛина поразена во 1/8 финалето во Словенија!