Новак покажа кој е кој и се пласира во 3.коло на Ролан Гарос!

727

Новак Ѓоковиќ во 2.коло од Ролан Гарос попладнево со 3:0 успеа да победи Роберто Карбељес Баена и да се пласира во следната фаза на еден од најголемите тениски турнири во светот. На моменти Србинот одигра навистина екстра, покажа кој е кој и сега може да ја планира тактиката за 3.коло.

Шпанецот едноставно немаше шанса попладнево на главниот терен на Ролан Гарос, кој беше покриен. Се обиде да се закани само во првиот сет кој Новак на крај го доби со 6:4, за да во вториот беше 6:1 за најдобриот тенисер во светот а во третиот сет беше 6:2 и за само околу два часа ја мина и втората пречка во Париз.

Интересно тоа што на моменти Новак делуваше нервозно, кога поради еден фан загуби поен па се расправаше со судијата.

Сепак на крајот може да биде задоволен од својот настап.

ПретходноТрансфери: Дита во Динамо Тирана, Адетунџи се сели во Балкани, Чинари потпишува за Влазнија!
СледноСе ожени Тихомир Костадинов