РК Вардар домаќин на „Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа“(ФОТО)

80

Убав потег на РК Вардар, некогашниот двоен европски шампион. Имено ракометарите на еден од нашите ракометни гиганти беа домаќини на децата а од „Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа Скопје“, кои присуствуваа на тренингот на првиот тим на РК Вардар.

На покана Извршен директор, Борко Ристовски децата одблиску и на самиот терен се запознаа со играчите и стручниот штаб на Вардар, го проследија тренингот и добија подароци од клубот, и заедничка фотографии со играчите за спомен.

Салата во СЦ „Јане Сандански“ е една од ретките што има пристап за лица во колички, и на натпреварите на Вардар често има лица кои вака ги следат натпреварите.May be an image of 5 people, hospital and textMay be an image of 7 people

May be an image of 7 people and people playing basketball

ПретходноГРК Охрид им се заблагодари на тројца ракометари
СледноФудбалерките до 19 години ќе одиграат два контролни натпревари со БиХ