Ханси Флик ја презеде Барса и го откри името на единствениот „недопирлив“ играч во клубот

8351

Флик минатата година беше отпуштен од селекторската функција на германската репрезентација, а сега го замени Чави Хернандез, кого го снајде истата судбина во Барселона.

Флик потпиша двегодишен договор со својот нов клуб и очекувањата за него се големи веќе во следната сезона.

Тој до сега, освен како селектор на Германија, работеше и како тренер на Баерн Минхен, а со оваа екипа освои три трофеи во 2020 година. Тоа беа Лигата на шампионите, Бундеслигата и домашниот куп.

Сите очекуваат трофеи од Флик во Барселона, но секако тоа нема да биде лесна задача за напаѓачите, особено затоа што Реал Мадрид изгледа моќно, а со Мбапе ќе изгледа уште помоќно.

На Флик му претстои многу напорно лето кога се во прашање трансферите, а новиот тренер на Барселона јасно стави до знаење дека еден играч е „недопирлив“.

Според новинарите блиски до Барселона, Флик јасно ставил до знаење дека Френки де Јонг е „недопирлив“ и дека не станува збор за негова продажба.

Де Јонг пристигна во Барселона во 2019 година по феноменалните игри во дресот на Ајакс.

Во последно време многу се зборува за негово заминување од Барселона, а како најголем кандидат за негово доведување се споменува Манчестер Јунајтед.

Де Јонг одби да ја напушти Барселона, а сега очигледно пристигна тренер кој навистина сака да го задржи во клубот.

ПретходноДрама: Навивач на АЕК со нож упаднал кај ривалите, полицијата ги претепала Италијанците
СледноКако да направите дефанзивецот да исчезне – прашајте го Марко Митев (ВИДЕО)