Јован Манев: Кога се игра за Македонија нема штедење! (ВИДЕО)

135

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе патува за Ријека за пријателскиот натпревар против Хрватска закажан на 3. јуни. Бронзените од последното Светско првенство се подготвуваат за настап на Европскиот шампионат а тоа ќе биде  шанса за фудбалерите на Благоја Милевски. 

Во пресрет на патувањето во Хрватска, своите очекувања ги изнесе дефанзивецот Јован Манев. 

– Среќен сум што сум заедно со соиграчите и стручниот штаб. Кога се игра против репрезентации како што се Хрватска или Чешка, селекции кои се подготвуваат за Европското првенство, мотивацијата е на највисоко ниво. Се надевам дека ќе бидат одлични тест натпревари за нас за предизвиците кои не очекуваат во септември. Кога се игра за репрезентација не постои штедење, фокусот е присутен постојано и кога сме на собир друга побитна работа нема. Сите тука сме со една цел, да постигнеме добар резултат

ПретходноФФМ со благодарница за Бирото за јавна безбедност! (ФОТО)
СледноСрбљак се избори за 1/4 финале во Куршумлијска Бања!