Само прашање на часови кога Килијан Мбапе и Реал Мадрид ќе објават дека трансферот на деценија, ако не и на 21 век е официјализиран. ПСЖ а посебно претседателот на клубот од Париз, Насер Ал – Келаифи стори се што е во негова моќ да го одврати Килијан од овој трансфер, сепак не успеа во тоа.
Па така првиот човек на ПСЖ со следните зборови го поздрави Мбапе и му посака среќа во новиот клуб:
“Му посакувам се најдобро. Тој направи фантастични работи за ПСЖ. Дојде кај нас кога имаше 18 години, а сега заминува како маж. Килијан е најдобриот фудбалер во светот. Ги разбирам неговите амбиции, сака да игра во нов клуб, во ново првенство. Којзнае, можеби еден ден ќе се врати во Франција“ истакна Ал – Келаифи.