Олимпијакос синоќа оствари историски триумф. Во финалето во Лигата на Конференции ја победи Фиорентина со 1:0 и со тоа стана прв грчки клуб кој освоил трофеј во некое клупско натпреварување на УЕФА.
Голема, еуфорична беше радоста на сите во таборот на грчкиот гигант од Пиреја, предградие на Атина, а посебно на фановите.
Секако дека среќен беше и сопственикот на клубот, Вангелис Маринакис кој одлучи да ги премира своите фудбалери. Сумата на тој бонус е 5 милиони евра која играчите и стручниот штаб ќе си ја поделат.