Првиот противник на СП: Македонија може да биде многу незгоден противник!

1559

Македонската ракометна репрезентација против Унгарија, Холандија и Гвинеја ќе се сретне во групната фаза на Светското првенство 2025 година. Наш прв противник во Вараждин ќе биде селекцијата на Унгарија, а од таборот на оваа земја селекторот, Чема Родригез ги искажа првите очекувања.

„Можеби имавме повеќе среќа во ждрепката отколку во претходните години, секако има посилни групи од нашата, но нашата цел останува иста – да стигнеме до што повеќе победи. Почнуваме со Македонија, тоа е селекција што може да биде многу незгоден противник. Одлично играат во ситуации „еден на еден“, по потреба се снаоѓаат и со „седум на шест“. Не знаеме ништо за Гвинеја, но јасно дека очекуваме победа и против нив. Не сме се сретнале со Холандија уште од оној болен пораз на домашен терен на ЕП во 2022 година, време е да ја покажеме нашата сила против овој ривал. Мило ми е што ќе играме во Вараждин, верувам дека ќе има голем број на Унгарци на трибините“, истакна Чема Родригез по ждрепката.

ПретходноЛина поразена во 1/8 финалето во Словенија!
СледноГолманот на младата репрезентација Стефан Тасев е првото засилување на Тиквеш!