Две италијански чуда на Ролан Гарос

544

Третото коло на Ролан Гарос донесе и две изненадувања. Италијанецот Матео Арналди успеа да го совлада шестиот тенисер на светот, Андреј Рубљев со убедливи 3-0, по сетови 7-6, 6-2 и 6-4.
Русинот немаше свој ден, а тоа го искористи Арналди кој е на 35 место на АТП листата и се пласира во осминафиналето каде што за ривал ќе го има подобриот од мечот Циципас-Жанг.

Во машкиот дел од турнирот уште еден Италијанец ќе го гледаме во следната рунда. Вториот светски рекет Јаник Синер без проблеми го елиминира Павел Котов со 3-0 во сетови 6-4, 6-4 и 6-4.

Одличен настап имаше и уште една Италијанка, Елизабета Кочарето која го забележа најдобриот резултат на Грен слем турнирите. Таа ја елиминира Лудмила Самсонова со 7-6 и 6-2 и првпат во кариерата се пласира во осминафинале на еден Грен слем турнир.
Елизабета стана и најмладата италијанска по 2001 година со пласман во осминафиналето во Париз. Нејзината следна противничка ќе биде Коко Гауф која ја елиминира Јестремска од Украина со 2-0, по сетови 6-2 и 6-4.

Одличен ден имаше и српската тенисерка Олга Даниловиќ која по победата над Дона Векиќ 2-1 се најде во осминафиналето. Тоа е нејзин најдобар успех во кариерата.

ПретходноПеп Гвардиола доби рок од Сити до кога мора да одлучи за својата судбина!
СледноВикендов на ФФМ ќе се одигра финалниот турнир на Детската лига