Лаутаро му кажа „ДА“ на Интер – договор до 2029 година

174

Еден од најдобрите играчи на Интер, Лаутаро Мартинез се согласил да ја продолжи соработката со „нероаѕурите“, пренесува „Газета дело спорт“. Аргентинецот ќе потпише нов тригодишен договор, а платата ќе му биде фиксни 9 милиони евра по сезона плус бонуси.
Претходниот договор на Лаутар истекуваше на 30 јуни 2026 година, а е продолжен до 2029 година. Во договорот ќе нема клаузула за раскин на договорот.
Во наредните денови Интер ќе ја потврди информацијата и ќе го задржи напаѓачот кој е еден од најзаслужните за титулата оваа сезона.

ПретходноПознати сите освојувачи на Купот во младинските категории
СледноСветски шампион со Германија потпиша за австриски ЛАСК